Челзи ја совлада Барса на пенали, Азар постигна “Меси гол”

Азар уште еднаш го покажа својот раскошен талент

Натпреварот кој се одигра пред 79.000 гледачи, во регуларниот дел заврши со 2:2, а по изведувањето на пеналите Челзи славеше со 4:2.

Сепак, дуелот на двата фудбалски гиганти мина во знакот на фантастичниот погодок на Азар, со кој го отвори резултатот. Белгискиот репрезентативец со неверојатен соло продор буквално се прошета низ “бункерот” на Барса и реализираше за водство на “сините”.

Сепак, и останатите погодоци не беа помалку атрактивни. Најпрво Луис Суарез израмни на 1:1, а веднаш потоа и Сандро ги доведе “каталонците” во водство од 2:1. И кога се чинеше дека Барселона ќе слави на овој пријателски натпревар, Гери Кејхил погоди во самиот финиш од мечот, по што следуваа пеналите.

Победата на Челзи ја донесоа Фалкао, Мозес, Рамиреш и Реми, кои упатија прецизни удари од 11 метри. Кај европските шампиони успешно стрелаа Иниеста и Сандро, додека Халиловиќ и Пике промашија.


All Goals and Highlights HD | Chelsea 2-2… by zidanekrisz

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.