Челзи е се пореална дестинација за Диего Коста

Предводникот на најпријатното изненадување во шпанската Примера дивизион и во Лигата на шампиони, тимот на Атлетико (М), Диего Симеоне призна дека нема ништо чудно во пласираните информации дека најдобриот фудбалер во неговиот тим, Диего Коста е најголема желба на лондонскиот премиерлигаш Челзи.

„Се е во рацете на Диего Коста, тој е господар на сопствената судбина. Коста најдобро знае што е најдобро за неговата иднина. Нормално е Челзи да покаже интерес за неговите услуги. Знаеме колку е моќен лондонскиот премиерлигаш. Јас не сум многу загрижен кога е во прашање последната повреда која Коста ја заработи на првенствениот дуел против Гетафе. Разговарав со Габи и тој ми кажа дека станува збор за посекотина. Коста е како бик и со овој потег најдобро покажа дека секој натпревар го игра како да му е последен во фудбалската кариера”, изјави аргентинскиот стручњак.

Шпанските и англиските медиуми се убедени дека новопечениот репрезентативец на Шпанија ќе си замине од „Винсенте Калдерон” на стартот од летниот преоден рок, а неговиот клуб, Атлетико (М) очекува заработувачка од најмалку 40 мил. евра.