Челзи го продава Лукаку за 20 милиони фунти

Не само што нема да се врати на „Стемфорд Бриџ” откако ќе му заврши позајмицата во Евертон, белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку веќе доби зелено светло од раководните лица на Челзи за промена на клупската средина за време на летниот преоден рок.

Репрезентативецот на Белгија ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 20 мил. фунти, а таквото барање би требало да биде прифатливо за раководните лица на Тотенхем, Арсенал, Атлетико (М) и Милан, кои веќе покажаа голем интерес за брзоногиот напаѓач.