Челзи и Атлетико Мадрид играат на се или ништо

Далеку понеизвесно во споредба со дуелот од Минхен, треба да биде на “Стемфорд Бриџ”, каде денеска, со почеток во 20.45 часот, ќе стартува реванш полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Атлетико Мадрид.

Првиот дуел на “Винсенте Калдерон” заврши и без победник и без погодоци, па поради оваа причина, фудбалските фанови се убедени дека ќе има најмалку еден погодок на реванш дуелот во Лондон.

Предводникот на лондонските “сини”, Жозе Мурињо по подолга пауза, повторно на располагање ќе ги има услугите на најдобриот фудбалер во неговиот тим, белгискиот интернационалец Еден Азард, а во комбинација за почетниот состав се и Џон Тери и Петр Чех.

Максимално подготвени за големиот предизвик се и Оскар, Рамиреш, Луиз и Ето, кои не настапија на последниот првенствен натпревар против екипата на Ливерпул.

“Азард е подготвен за игра, јас ќе одлучам дали ќе биде дел од почетниот состав, но најважно од се е дека е подготвен за игра. Станува збор за елиминациска рунда, можно е само еден погодок да го реши патникот во финалниот натпревар. Секој фудбалер мора да го даде максимумот. Во следните 90 минути, фудбалерите имаат предност пред менаџерот. Јас верувам во моите фудбалери, ја имаат мојата безрезевна подршка”, изјави менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.