Челзи и Шефилд Јунајтед изборија пласман во следната рунда во Капитол куп

Синоќа беа одиграни два натпревари во Капитол купот во Англија, а пласман во следната рунда обезбедија тимовите на Челзи и Шефилд Јунајтед.

Иако е член на Чемпионшип, Жозе Мурињо воопшто не го потцени тимот на Дерби, па излезе со моќен состав, предводен од Тери, Хазард и Фабрегас.

Токму Хазард во 23-та минута го постигна првиот погодок за гостите, доведувајќи ги во водство од 0:1. Во вториот дел, Фелипе Луис постигна гол во 56-та минута и донесе предност од два погодока за својот тим. Брисон донесе малку надеж за Дерби откако постигна гол за 1:2, но Шурле во 82-та минута ги постави конечните 1:3 со кои тимот на Челзи избори пласман понатаму.

На другиот натпревар членот на англиската Лига 1, Шефилд Јунајтед, направи големо изненадување и славеше против Саутемптон со 1:0. Единствениот погодок го постигна Мекналти во 63-та минута од натпреварот.