Спорт

Челзи ќе се обиде да го отпише Арсенал

Челзи ќе се обиде да го отпише Арсенал

Новото, 31. коло од англиската Премиер лига ќе стартува со денешниот дерби натпревар помеѓу градските и директни ривали во борбата за шампионската титула, екипите на Челзи и Арсенал.

Не само поради домашниот терен, Челзи важи за фаворит и поради одличната форма на Еден Азард и Самуел Ето, додека гостинските фаново, најмногу очекуваат од напаѓачкиот тандем, Оливие Жиру – Лукас Подолски.

И двата тима немаат право на кикс, а евентуалниот пораз може да значи збогум на шампионската титула.

„Венгер не ми е пријател. Не знам како е можно да бидеш пријател со одредена личност ако со истата имаш некаков контакт два, три пати во годината и таа средба трае најмногу пет минути?
Јас го почитувам Венгер, го почитувам Ареснал. Не можно да бидеш менаџер на еден клуб, да го водиш тимот на 1000 натпревари, а да ја немаш подршката од клупските челници и највернте фанови. Сепак, сега е време на натпревар, за борба. Време е да покажеме дали сме создадени од шампионски материјал, да покажеме дали можеме да елиминираме еден голем ривал во борбата за шампионската титула”, изјави менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо.

Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед ќе се обиде да забележи позитивен резултат во дуелот со секогаш незгодниот тим на Вест Хем, а градскиот ривал, Манчестер Сити важи за апсолутен фаворит во дуелот против гостинскиот тим на Фулам.

Денеска на програмата: Челзи – Арсенал, Кардиф – Ливерпул, Манчестер С. – Фулам, Вест Хем – Манчестер Ј., Евертон – Свонси, Хал – ВБА, Њукасл – Кристал Палас, Норвич – Сандерленд.