Челзи Клинтон роди ќерка

Ќерката на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и на поранешниот државен секретар, Хилари Клинтон во саботата изутрина преку социјалните мрежи објави дека станала мајка.

„Марк и јас сме преплавени со чувства на љубов, восхит и поради раѓањето на нашата ќерка Шарлот Клинтон Мезвински“, стои на фејсбук профилот на Челзи Клинтон. Пораката е објавена и на твитер.

Челзи Клинтон (34) до крајот на август повремено работеше за телевизиската мрежа NBC, за која известуваше за поединци и организации кои придонеле за подобрување на својата заедница.

Нејзиниот сопруг Марк Мезвински е банкар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.