Челзи немоќен и против Норвич

Уште еден голем кикс запишаа фудбалерите на Челзи кои не постигнаа ниту еден погодок и освоија само еден бод во првенствената пресметка против гостинскиот тим на Норвич.

Со неочекуваното реми на „Стемфорд Бриџ”, избраниците на Жозе Мурињо дополнително си ги намалија и така само теоретските шанси за освојување на шампионската титула која сигурно ќе заврши или кај фудбалерите на Манчестер Сити или кај тие на Ливерпул.

Само еден погодок, кој заврши во гостинската мрежа, беше постигнат на првенствениот дуел помеѓу екипите на Арсенал и ВБА, а истиот беше дело на францускиот интернационалец, Оливие Жиру.
Денеска ќе биде одигран и последниот натпревар од 37. коло во англиската Премиер лига, дуелот помеѓу екипите на Кристал Палас и Ливерпул.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.