Челзи очајно бара купец за Торес

Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Челзи откри дека клупските челници се очајни и сакаат по секоја цена да се ослободат од услугите на најскапата аквизиција во клупската историја, шпанскиот интернационалец Фернандо Торес.
Искусниот напаѓач веќе неколку сезони престојува на “Стемфорд Бриџ”, но се уште ја нема исплатено инвестицијата од 50 мил. евра.
Дека повторно ќе биде во очајна форма, Торес покажа и на последниот пријателски натпревар против словенечкиот прволигаш Олимпија, кога од само неколку мести промаши празен гол.
“Клупските челници веќе покажуваат сериозни знаци на очај. Сакаат по секоја цена да се ослободат од услугите на Торес. Ако не е така, тогаш зошто клубот анагажира напаѓач кој е во залезот од фудбалската кариера. Повеќе му веруваат на Дрогба отколку на Торес. Шпанецот може да биде продаден и за 15 мил. фунти, но нема таков клуб кој може да му понуди годишна плата од 8 мил. фунти. Торес не отстапува од тоа барање”, изјави блискиот извор до таборот на Челзи.