Спорт

Челзи одвои 32 милиони фунти за Диего Коста

Челзи одвои 32 милиони фунти за Диего Коста

Фудбалските медиуми во Англија пред неколку минути ја пласираа сензационалната информација дека раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Челзи и тие на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид најпосле постигнале договор околу веќе најавениот трасфер на брзоногиот напаѓач, Диего Коста.

Новопечениот репрезентативец на Шпанија на стартот од летниот преоден рок и официјално ќе биде претставен како најнова аквизиција лондонските “сини”, а од продажбата на Коста, шпанскиот клуб очекува заработувачка од 32 мил. фунти.

Бомбардерот на Атлетико Мадрид веќе подолг временски период важи за најголема желба на контроверзниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо кој сигурно ќе побара ангажирање на уште еден напаѓач до крајот на летниот преоден рок.