Челзи подобар во градското дерби од Тотенхем, нов триумф за новиот премиерлигаш Хадерсфилд

Во дербито на 2-то коло од англискиот фудбалски шампионат, во големото лондонско дерби Челзи како гостин на „Вембли“ го совлада Тотенхем со 2:1, додека новиот второлигаш Хадерсфилд Таун ја забележа и втората победа.

Победата на гостите им ја донесе Марко Алонсо со головите во 24 и 88 минута, додека Тотенхем дојде до изедначувањето со автоголот на Мишуи Батшуеји во 82 минута. Беше тоа одличен меќ на актуелните шампиони и вицешампиони на Англија, кој се одигра на „Вембрли“ бидејќи Тотенхем уште не го заврши својот нов стадион.

Челзи поведе со прекрасниот погодок на Алосно од слободен удар. Во самата завршница од првото полувреме Тотенхем имаше шанса да изедначи но Хари Кејн ја погоди стативата. Во 73 минута рамките на голот на домашните ги затресе Вилијан. Тотенхем сепак изедначи во 82 минути откако Батшуаји ја сврти топката во сопствената мрежа. А кога веќе се чинеше дека средбата ќе заврши без победник, повторно на сцена стапи Алонсо и во 88 минута заби за победа на шампионот.

Во првиот меч во неделата Хадерсфилд Таун го победи Њукасл Јунајтеед со 1:0 остварувајќи ја втората победа во првенството. Беше првиот домашен натпревар на Хадерфилд во елитното натпреварување по 45 години. Решавачкиот гол го постигна Арон Муи во 50 минута.

Интересно е што Хадерсфилд Таун минатата сезона во Чемпионшип постигна само 56 голови и стана првиот тим кој влегол во повисок ранг на натпреварувањето влегол со негативна гол-разлика. Во плеј-офот се пласираа во Премиершип по изведувањето на пенали, а сега на стартот забележаа две победи.

Со денешната победа, Хадерсфилд им се придружи на Манчестер Јунајтед и на Вест Бромвич Албион, коишто исто така имаат по две победи.

Второто коло во понеделникот ќе го затворат Манчестер Сити и Евертон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.