Спорт

Челзи понуди 36,5 милиони евра за Руни, Јунајтед веднаш ги одби

Челзи понуди 36,5 милиони евра за Руни, Јунајтед веднаш ги одби

Најпознатите спортски медиуми на Островот, пред неколку часа ја пласираа сензационалната информација дека сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Роман Абрамович испратил нова понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, но истата е експресно одбиена од челниците на “црвените ѓаволи”.

Со цел да ја исполни најголемата желба на контроверзниот менаџер, Жозе Мурињо, првиот човек на лондонските “сини” пред неколку часа испратил официјална понуда вредна 36.5 мил. евра, но веднаш добил негативен одговор со образложение дека Руни и понатаму има статус на недопирлив на “Олд Трафорд” и дека нема да биде продаден на големиот ривал за време на зимскиот преоден рок.

Далеку пореални шанси за реализиација на овој спектакуларен трансфер, Абрамович ќе има за време на летниот преоден рок доколку Манчестер Јунајтед на крајот од актуелната сезона не заврши во топ 4 и не обезбеди директен пласман во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.