Спорт

Челзи се насади на Сити, Ливерпул на Арсенал

Челзи се насади на Сити, Ливерпул на Арсенал

Англиските премиерлигаш немаа многу среќа кога е во прашање ждрепката за 5-тото коло од најпрестижното куп-натпреварување на Островот, англискиот ФА Куп.

Најбогатиот клуб на Островот, Манчестер Сити за противник го доби директниот ривал за шампионската титула во националниот шампионат, тимот на Челзи, додека Арсенал ќе проба пред верните фанови да го елиминира одличниот тим на Ливерпул.

Двојки за 5-тото коло: Арсенал – Ливерпул, Брајтон – Хал, Кардиф – Виган, Евертон – Свонси, Манчестер С. – Челзи, Шефилд В. – Чарлтон, Сандерленд -Саутемптон, Шефилд Ј./Фулам – Нотингем Ф./Престон.