Челзи со голеада ја потврди титулата

Легендарниот капитен Џон Тери по 22 години го напушта Челзи

Во последниот натпревар од 37-то коло на англиското фудбалско првенство, Челзи на својот „Стенфорд Бриџ“ го совлада Ватфорд со 4:3 прославувајќи ја со оваа победа пред своите навивачи новата титула.

Ова беше првиот меч на лондонските „Сини“ откако во петокот го поразија Вест Бромвич Албион и ја осигурија титулата.

Менаџерот на Челзи, италијанскиот стратег Антоние Конте им даде поштеда на главните играчи, па во тимот на домашните имаше дури девет промени во однос на претходниот меч. Но и покрај тоа, на теренот се одигра одличен дуел со дури седум голови.

Првиот гол го постигна Џон Тери во 22 минута. Легендарниот капитен на „Сините“ на крајот од сезоната по 22 години го напушта клубот, а ова беше неговиот прв погодок оваа сезона. Со тоа Тери забележа еден неверојатен податок, имено како одбранбен играч постигнувал голови во 17 последователни сезони.

Головите за домаќините ги постигнаа и Сезар Аспиливуета во 36, Миши Барсуаји во 49 и Сеск Фабрегас во 88 минута, додека за гостите стрелци беа Етјен Капуе во 24, Дерил Џејнмаат во 51 и Стефано Окакао Чука во 74 минута.

Челзи пред последното коло одшампионатот води на табелата со 80 бодови, Тотенхем е втор со 10 бодови помалку и натпревар помалку, а трет е Ливерпул со 73 бодови. Следат Манчестер Сити со 72, Арсенал со 69 и Манчестер Јунајтед со 65 бодови.

Ватфорд е на 16-то место со 40 бодови. А пред последното коло лигата ја напуштаат Хал Сити, Мидлзборо и Сандерленд.