Ченто доби ново спортско игралиште

Во населба Ченто на улица „Палмиро Тољати“ е пуштено во употреба мултифункционално игралиште за мал фудбал и кошарка, со димензии 20 на 40 метри. Околу игралиштето има поставено ограда со височина од четири метри и рефлектори за спортување во вечерните часови, соопшти денеска општина Гази Баба.

На отворањето на игралиштето присуствуваа градоначалниците на Гази Баба Тони Трајковски и на Скопје Коце Трајановски, а беше одигран и првиот фудбалски натпревар.

За изградба на овој спортски објект, општина Гази Баба издвои средства во висина од околу 2,2 милиони денари, а изведувачи на работите беа фирмите Дан Са Трејд и Адра.