Ченто ќе добие нова црква „Света Лидија Македонска“

На старите гробишта до Домот на културата во населбата Ченто, денеска во 12 часот ќе се освети камен темелник, со што ќе отпочне изградбата на Македонската правослвана црква „Света Лидија Македонска“.
Осветувањето на камен темелникот ќе го изврши Неговото Блаженство г.г. Стефан архиепископ Охридски и Македонски со повеќе епископи и свештенослужители на Македонската Православна Црква – Охридска Археипископија.
Црквата ќе се гради со дозвола издадена од општина Гази Баба на вкупна површина од 4109 м², на земјиште откупено на 25 септември 2013 година со Договор за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба меѓу општината Гази Баба и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Црквата и помошните простории ќе ги гради Македонската Православна Црква и приватни донатори и месното население
Цркавата „Света Лидија Македонска“ е со вкупна површина од 303 м2. Камбанаријата е во основа 6 на 6 метри во висина со крстот од 25 метри. Помошните простории се со вкупна површина од 320 м2.
Проектант на црквата е проектантското биро „Слемепроект ДОО Штип“, во сопственост на архитектот Благој Здравев.