Чепишевски продолжува да руши рекорди, овојпат на 50 метри грбно

Македонскиот пливач Горазд Чепишевски постави нов државен рекорд на Универзитетски игри кои се одржуваат во Гвангжу, овој пат во дисциплината 50 метри грбно.

На денешните натпревари, Чепишевски патеката ја исплива со време од 27.99 секунди што е прво негово време во оваа дисциплина под 28 секунди. Заврши како второпласиран во својата група, заземајќи го на крајот 39-то место од 52 пливачи.

Како што е познато, претходно Чепишевски постави апсолутен државен рекорд и во дисциплината 100 метри грбно, пливајќи со време од 59.72 секунди.

Горазд Чепишевски на Универзитетски игри треба да настапи уште на 200 метри грбно на 8-ми јули, додека вториот наш пливач во Гвангжу, Мартин Стефановски на 9-ти јули ќе плива на патеката на 50 метри слободно.