Спорт

Черезо: Барса знае дека Коке не е на продажба

Черезо: Барса знае дека Коке не е на продажба

Претседателот на Атлетико (М), Енрико Черезо, откри дека раководните лица на каталонскиот гигант Барселона добро знаат дека младиот играч за врска, Коке, нема да си замине од “Винсенте Калдерон” за време на летниот преоден рок.
Шпанските медиуми пред неколку дена ја пласираа информацијата дека Коке важи за најголема желба на актуелниот претседател на Барса, Жосеп Мариа Бартомеу, кој е подготвен да одвои околу 30 мил. евра за неговите услуги.

„Коке е фудбалер на Атлетико (М) и тука ќе остане уште неколку сезони. Челниците на Барселона добро знаат дека нашиот фудбалер нема да биде продаден за време на летниот преоден рок. Атлетико (М) не е клуб кој продава фудбалери, Атлетико (М) е стабилен клуб. Ќе повторам уште еднаш: Коке сака да игра за Атлетико (М), Коке е производ на Атлетико (М) и во следните неколку сезони ќе го носи црвено-белиот дрес на Атлетико (М). Нема што друго да додадам”, изјави Черезо.