Черезо: Нема понуда за Диего Коста

Претседателот на актуелниот лидер во шпанската Примера дивизион, Атлетико Мадрид, Енрико Черезо откри дека на неговата адреса не пристигнала ниту една официјална понуда за услугите на најголемата ѕвезда на “Винсенте Калдерон”, Диего Коста.

“Сега не е време да збориме на оваа тема, не е време да збориме за можните засилувања и за тие кои се желба на најголемите клубови од Европа. Пред нас се три, многу важни натпревари. Коста е купен кога имаше 18 години и никој не беше убеден дека Коста ќе биде таму каде што е денеска. Челзи? Ќе повторам уште еднаш. Пред нас се многу важни натпревари, не сакам да го дестабилизирам мојот тим со новинарските шпекулации, на оваа тема ќе разговараме откако ќе заврши актуелната сезона. Се што можам да кажам е дека нема ниту една официјална понуда за ниту еден фудбалер кој го носи дресот на Атлетико Мадрид”, изјави Черезо.