Червар ја повика публиката да ја даде поддршката на натпреварот со Мешков Брест

Македонскиот ракометен првак Металург го пречекува Мешков Брест во натпревар на кој ќе се обиде да стигне до втората победа во Лигата на шампионите со што би ги задржал шансите за осминафинале.

Тренерот Лино Червар ги повика навивачите да дадат што поголема поддршка на неговите ракометари.

– Ја користам оваа можност да ја повикам публиката да дојде во салата и да ни даде поддршка на овој натпревар, кој е од големо значење за нас. Бодрени од верната публика, ние ќе сториме се за да стигнеме до победата, повика Червар.

Натпреварот Металург – Брест Мешков се игра вечер од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ова ќе биде натпревар од 8.коло од А групата во елитното натпреварување.

Вториот македонски претставник во ЛШ, тимот на Вардар два часа претходно (17 часот) гостува во Русија кај Чеховски Медведи до дуел од Ц групата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.