Червар: Ни недостигаше глад за победа

Ракометарите на Металург не успеаја да останат непоразени во СЦ “Борис Трајковски“. Одиграа послабо од очекуваното, не беа доволно борбени на теренот, што беше причина тренерот Лино Червар да им се извини на навивачите на оресконференцијата по завршување на натпреварот.

„Кил ја заслужи победата. Тие покажаа глад за победа, а нас ни недостасуваше тоа на овој натпревар. Затоа прво во мое име и во името на играчите сакам да им се извинамна навивачите, бидејќи знаеме да играме подобро Поразително е тоа што бевме надиграни и во борбеноста. Ова не е прашање на квалитет, Кил е поквалитетен тим , но вообичаено е послабиот тим да биде поборбен. Тоа не беше случај на овој натпревар. Сега може да зборуваме многу, да анализираме, но ова е спорт, игравме против голем тим , а моите играчи се само луѓе. Но, како и да е не сакам овој пораз да го наруши впечатокот што го оставивме во текот на сезоната“, изјави Червар.