Червар одлучи, без промени во составот за мечот со Ангола

Македонската репрезентација вечерва во 20.45 часот ќе излезе на терен против Ангола со истите 16 ракометари кои беа дел од составот и против Тунис.

Лино Червар уште за време на вчерашниот тренинг најави дека е премногу рано за замена (секој селектор има право на две замени за време на шампионатот), па на утринскиот Технички состанок било потврдено дека „црвено-жолтите“ ќе настапат со истиот состав како и на првата средба.

Ова значи дека Никола Митревски, Жарко Пешевски и Ристо Арнаудовски и денешниот дуел ќе го проследат од трибините, чекајќи шанса на некој од следните натпревари од овој мундијал.

makedonija-sostav