сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 8

Червар: Ова беше натпревар на играчите

Червар: Ова беше натпревар на играчите

Червар: Ова беше натпревар на играчите

Последни вести

По големата победа над Чешка (34:27) и изборениот пласман на Светското првенство во Франција разбирлива беше радост во таборот на ракометната репрезентација на Македонија, а дополнително задоволството беше уште поголемо бидејќи репрезентативците Филип Миркуловски и Наумче Мојовски со победа и со изборен пласман на ракометниот Мундијал се простија од репрезентативниот дрес, објави МИА.

– Честитки до играчите. Ова беше нивни натпревар, едноставно летаа по теренот и кога беа повредени сакаа да се вратат да играат. Постигнавме голема победа. Комплетната заслуга е нивна. Голема благодарност и до извонредната публика, изјави селекторот Лино Червар на прес-конференцијата.

Овој натпревар имаше многу симболика, првиот гол го постигна Миркуловски, а последниот Мојсовски.
– Благодарност до сите. Имавме малер кој траеше долго. Но, мислам дека јас и „Жути“ (Миркуловски) заслуживме вака да се простиме од репрезентативниот дрес. Се надевам дека и генерацијата што ќе дојде ќе го продолжи овој наш континуитет, изјави Мојсовски.
За Миркуловски нема дилеми дека ова е последен натпревар за Македонија, иако е нешто помлад од Мојсовски.
– Голема благодарност до сите. Оваа приказна има „хепиенд“. Голема беше желбата за победа и задоволен сум што успеавме и што изборивме пласман на Светското првенство, истакна Миркуловски.

Најчитани вести