Червар: Ова е најдобриот дуел што некогаш сум го видел

Македонската ракометна селекција ја забележа првата победа под водство на Лино Червар. Македонската јавност уште повеќе се израдува на оваа победа која ни носи пласман на СП во Франција, 2017 година.

Сите честитки одат на адреса на играчите. Ова е голема победа и сите заслуги одат за нив. Памтам една изјава на Наумче која ја кажа за Миркуловски: „Растевме заедно“- апсолутно се согласувам. Тие двајца ни пружија големи задоволства и мене и на јавноста. Ова беше спектакал, огромна промоција и покажавме денеска дека навистина играме добар ракомет и сме спорт кој трае. Огромна благодарност до публиката. Водев многу репрезентации, многу клубови но првото полувреме беше страшно како игравме, гледате крвав нос, рацепена уста, имаше толку повреди. Тие покажаа јуначко срце, понудија задоволства на оние кои има среќа да бидат во „Борис Трајковски“. Ова беше доживување, ова е најдобриот дуел што некогаш сум го видел. Добар ден Франција, изјави Червар, пренесува Гол.мк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.