Червар: Ова е жално, имавме игра, ама судиите не уништија!

Селекторот на македонската ракометна селекција Лино Червар по поразот од Шпанија, втор за Македонија на СП беше видно лут поради судиската арбитража.

Кормиларот на македонската селекција токму судискиот пар го посочи како главен виновник за поразот од Шпанија.

– Разочаран сум. По мечот на судиите им реков дека ова не е победа на Шпанија, ова е нивна победа. Видовте и самите во првиот дел комплетно го надигравме противникот, но во вториот дел судискиот критериум беше далеку од изедначен. Голема благодарност до нашите навивачи и најмногу поради нив ми е жал што не успеавме да направиме изненадување – изјави по мечот Червар.

„Црвено-жолтите“ немаат многу време за пауза и за тага бидејќи веќе утре од 17.45 часот ги очекува најважниот дуел против Исланд што ќе биде борба за третото место во групата и избегнување на Франција во осминафиналет.