Червар: Се уште ништо не е готово

Тренерот на македонскиот ракометен вицешампион Металург, Лино Червар изјави дека поранешниот голман на екипата од Автокоманда, Петар Ангелов го решил натпреварот со извонредните одбрани во второто полувреме.

„Знаев дека не чека еден тежок меч, затоа што Вардар и Металург отсекогаш играле интересни натпревари кои сосема заслужено го носат епитетот на градско дерби. Морам да кажам дека сѐ уште ништо не е готово. Јас сум со нозете на земја. Морам да му честитам на противникот за денешната фер и коректна игра“, изјави Червар