Свет

Чесен таксист вратил заборавени 300.000 долари

Чесен таксист вратил заборавени 300.000 долари

Кој вели дека во „градот на гревот“ владее само алчност и разврат. Еден таксист во Лас Вегас во својот автомобил пронашол торба со 300.000 долари и сите пари чесно ги вратил на сопственикот.

Откако во едно од бројните казина во градот освоил голема сума на пари, еден среќен, но расеан или поднапиен туристи ја заборавил својата торба со пари во такси кое што го однело до хотелот.

„Му реков вие ќе ми биде сведок и веднаш ја повикав диспечерката“, раскажа чесниот таксист.

Парите ги презела управата на такси службата која што имала задача да го пронајде сопственикот.

„Заборавениот“ патник побарал да се запознае со чесниот таксист на кој што му ветил награда.

„И ништо да не добијам, нема проблем. Не очекувам награда, тоа го направив бидејќи сум чесен човек“, рекол Херардо, кој такси службата го прогласила за „возач на годината“ и го наградила со 1.000 долари и вечера за двајца.