Чешка и продава оружје на Русија

Полските медиуми објавија фактури со датуми од пред неколку дена според кои преку Чешка во Русија се пренесува германско и американско оружје, јави дописникот на МИА од Прага.

Во документите се именувани компаниите преку кои е извезено оружјето, иако од 1 август 2014 година поради санкциите против Русија е воведено ембарго за извоз на оружје во таа земја.

– Ембаргото не важи за договори склучени пред донесеното ембарго и чешките органи имаат гаранција од руските клиенти дека оружјето ќе се користи од приватни субјекти, а не од Армијата или други полувоени формации, го цитираат медиумите Јан Јиндрих, кој е одговорен за контрола над извозот на оружје во Чешка.

Весниците забележуваат дека многу европски земји, ги откажаа набавките на оружје во Русија договорени и пред 1 август минатата година.