Свет

Чешка ќе добие виртуелна валута

Чешка ќе добие виртуелна валута

Денеска на пладне ќе биде претставена првата виртуелна чешка валута, со која ќе биде овозможено плаќање преку Интернет, јави дописнииот на МИА од Прага.

Како што информираа авторите на проектот, со валутата ќе биде можна и трговија со стоки, како и тргување на берзата, а ќе бидат објавени сто милиони монети.

Главната цел, според авторите, е поддршка на трговијата на Интернет во Чешка.

Дигиталните валути почнаа да се појавуваат во големи количини пред неколку години. Најпозната беше Биткоин, која стапи во оптек во 2009 година.

Виртуелната валута е дизајнирана на начин, на кој не може да влијаат владите, ниту централните банки и не подлежи на инфлација.

Биткоинот е почитуван од многу корисници заради неговата анонимност. Но, критичарите предупредуваат дека токму поради анонимноста, валутата може да се злоупотребува за перење на нелегални пари.