Чешка планира проширување на нуклеарните централи

Според владината концепција за развој на нуклеарната енергија, Чешка планира проширување на нуклеарните централи во Дуковани и Темелин, изјави премиерот Бохуслав Соботка при посетата на една од централите.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, првиот блок ќе се гради во Дуковани и тендерот ќе биде распишан кон крајот на 2016 година. Почетокот на доградбата се планира за 2025 година, а пуштањето во употреба на новиот дел за седум години.

Соботка смета дека електраната ќе обезбеди основа за економска стабилност во регионот, а актуелизирањето на енергетскиот концепт за понатамошен развој на нуклеарната енергија ќе овозможи земјата да продолжи да биде самостојна во производството на електрична енергија основана на производство од нуклеарни и обновливи извори на енергија.