Свет

Чешка предлага употреба на марихуана за лекување на деца со епилепсија или егземи

Чешка предлага употреба на марихуана за лекување на деца со епилепсија или егземи

Чешкото Министерство за здравство предлага измени на законските норми кои ја регулираат употребата на марихуаната за лекување, за да се овозможи таквиот третман и кај децата, пишува МИА.

Медицинскиот канабис би се употребувал кај деца со епилепсија или егземи.

Со ова не се согласуваат поголем дел од педијатрите кои сметаат дека марихуаната може негативно да делува на детската психа и не може да се исклучат негативни последици во подоцнежниот развој.

Поддржувачите на предлогот се повикуваат на резултатите до кои дошле американски лекари пред две години, кога на деца пациенти со епилепсија им давале мали дози на марихуана по што кај 80 до 90 проценти имало значително помалку напади и им се намалиле симптомите на болеста.

Лечењето со канабис во Чешка е легално од април 2013 година и е дозволено да се користи кај пациенти заболени од карцином, мултиплекс склероза, Паркинсонова болест или АИДС/СИДА.

Сепак, овие одредби речиси и да не заживеаа во пракса, поради високата цена на конопот во аптеките и мнозинството луѓе марихуана за сопствени потреби одгледуваат дома.