Чешка, Турција и Кина нови лидери за извоз на оружје

Кина, Турција и Чешка се новите земји кои им се придружија на светските извозници на лесно оружје каде лидер е САД, покажуваат најновите податоци на Обединтетите Нации (ОН).

Според податоците, Италија е на врвот на листата на увозници на чие чело е исто така САД.

Вредноста на глобалната трговија со рачно и лесно наоружување се удвоила од 2001 до 2011 година од 2,38 милијарди долари на 4,63 милијарди.

Меѓународната трговија со муниција го доживеала својот најголем раст, а по неа следи трговијата со пиштоли и револвери, како и спортски пушки и пиштоли, покажуваат податоците на ОН.

Бројот на земјите кои извесуваат лесно оружје во вредност од најмалку 100 милиони долари е зголемен од 12 на 14 држави. САД се на врвот, а позади нив се Италија, Германија, Бразил, Австрија, Швајцарија, Израел, Русија, Јужна Кореја, Белгија, Кина, Турција, Шпанија и Чешка.