Чешка донира опрема за санирање на штетите од поплавите на општина Гази Баба

Градоначалникот Тони Трајковски денес во паркот Ченто прими 10 машини за сушење на ѕидови и влажни постории од Претседателот на „Клубот на Пријатели на Македонија“ од Република Чешка, Јири Бартон.

Машините се помош за активностите за санирање на последиците од поплавите кои ја зафатија општина Гази Баба.

ceshka-gazi-baba-2

Опремата ќе биде сместена во Јавното комунално претпријатите Гази Баба 2007, на понатамошно располагање, при што секојдневно ќе се дистрибуираат Машините за сушење до сите оние семејства на кои им се потребни.

cheshka-gazi-baba-2

На настанот присуствуваа и претставникот на Амбасадата на Република Чешка во Република Македонија Јозеф Брож и директорот на Средното угостителско-туристичко училиште „Лазар Танев”, Зоран Николовски, кој има успешната партнерска соработка со “Клубот на Пријатели на Македонија” од Република Чешка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.