Чешка ги отфрла обврзувчките квоти за бегалци

Чешка ги отфрла обврзувчките квоти за бегалци
Чешка ги отфрла обврзувчките квоти за бегалци
Чешката Влада го отфрла системот на обврзувачки квоти, затоа што системот на прераспределба на бегалците не функционира, изјави чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек на конференција во Братислава.

Како дополнителна причина го додаде несогласувањето за спојувањето на миграциската криза со користењето на паричните средства од европските фондови, јави дописникот на МИА.
– Имаме проблем да се согласиме со обврзувачките квоти. сигурни сме дека тоа не функционира. За политичарите, е невозможно да му објаснат на народот дека мора да го прифатат овој обврзувачки систем кога луѓето гледаат дека мигрантите не сакаат да останат во Чешка, рече Заоралек.
Потоа, оцени дека Чешка е подготвена да помогне со миграциската криза на принципот на доброволност и не може да се согласи со тоа до земјата да дојдат илјадници мигранти без контрола.
Јавноста според министерот исто така така следи дека земјите со поголеми искуства со мигранти не можат да ја совладаат интеграцијата на бегалците во општеството.
Според министерот не може да се комбинираат ставовите на европските земји за миграциската криза со парите од европските фондови.
Шефот на чешката дипломатија ја отфрла критиката дека Чешка не сака да изрази солидарност при решавање на миграциската криза. Чешка и останатите земји на Вишеградската криза (В4), во кои спаѓа и Унгарија, Полска и Словачка, според него повторува дека се подготвени да помагаат, на пример на балканските земји.