Чешка ќе испрати 770 илјади евра и 25 полицајци за Македонија

Чешка ќе донира и 770 илјади евра парична помош и ќе испрати 25 полицајци во Македонија за да помогнат со миграциската криза, одлучи денеска чешката Влада, пренесува МИА.

Чешка ќе продолжи со помошта за совладување на бегалските бранови во Европа. По Унгарија и Словенија ќе испратиме полицајци и во Македонија, каде ќе помагаат со оддржување на редот, изјави премиерот Бохуслав Соботка.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, полицајците ќе престојуваат во Македонија од средината на јануари до крајот на февруари следната година.

Паричната помош, македонските власти ќе можат да ја искористат за набавка на опрема и бегалски кампови.