Чешка ја шокираше Данска

Ракометарите на Чешка сензационално ја совладаа селекцијата на Данска со 28:17 (15:16) во натпреварот од второто коло од Групата Д од Европското ракометно првенство, која беше одиграна во понеделникот вечерта во Вараждин.

Чешката селекција прикажа дијаметрално спротивно лица од пред два дена кога беше поразена од Шпанија со 17 голови разлика. Чешка до големата победа ја водеше Ондреј Здрахала со осум погодоци, но еден од најзаслужните беше голманот Мартин Галиа со 17 одбрани а најважната се покажа онаа на 20 секунди до крајот при резултат од 28:27 за Чесите кои се бранеа со два играча помалку. Лауге остана само на линијата од шест метри, но Галиа го одбрани неговиот удар и ја обезбеди победата. Микел Хансен беше најефикасен кај Данска со седум голови.

Во првиот меч одигран во Вараждин денеска Шпанија потешко од очекуваното ја совлада Унгарија со 27:25, со што со максимални 4 бодови си обезбеди пласман во втората фаза, а Данска токму против неа во следното коло ќе ја бара шансата да остане на шампионатот, што може да го оствари и доколку биде поразена, но нема да пренесе ниеден бод.