Чешка со најмала стапка на невработеност во ЕУ

чешка

Во земјите каде се употребува еврото како платежно средство, невработеноста се намалила на 9,8 проценти, што е најниско од јули 2009. Високата стапка на невработеност останува кај младите до 25 години и тоа во ЕУ изнесува 18,4 проценти, додека во еврозоната, дури 20,7 проценти.

Во целата Унија, во октомври без работа останале 20.448 милиони луѓе, од кои 15.908 милиони од еврозоната. Во однос на септември бројот на невработени во ЕУ се намалил за 190.000 луѓе и за 178.000 во еврозоната.

Од земјите-членки на ЕУ, најниска стапка на невработеност има Чешка, каде што таа достигна 3,8 проценти, јави дописникот на МИА од Прага.
Веднаш по неа е Германија со 4,1 проценти.

Спротивно на тоа, највисока стапка на невработеност има во Грција и во Шпанија.

Во споредба со октомври минатата година, забележан е тренд на намалување на невработеноста во 24 земји, а во Естонија, Австрија и Данска се зголемил процентот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.