среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 16

Чешки планинар исчезнал во Бугарија

пирирн

Последни вести

Семејството и пријателите на чешкиот планинар и истражувач Јиржи Вања веќе два месеци трагаат по него, откако се изгубил на планината Пирин, во југозападна Бугарија, јави дописникот на МИА од Прага.

Триесет и седумгодишниот Вања е искусен планинар, кој со својот татко, брат и пријатели патувал низ Блискиот и Далечниот Исток, а се има искачено и на Хималаите.

– Ние основавме група на Фејсбук со најактуелните информации за неговата потрага, изјави сестрата на Вања, Марцела Просова Вањова, додавајќи дека таа и нејзините пријатели го пребарувале теренот каде последно се движел нејзиниот брат.

Според чешките медиуми, во наредните денови во акцијата ќе се вклучат и бугарските спасувачи и специјален хеликоптер.

Најчитани вести