Чешкиот премиер Бабиш бара да му биде симнат имунитетот

Чешкиот премиер Андреј Бабиш побара во вторникот да му биде симнат пратеничкиот имунитет за да може да се одбрани од обвинувањата за измами, додека го очекува гласањето за избор односно доверба на неговата влада, за кои се проценува дека нема изгледи да го добие.

Кон средината на декември малцинската влада на Андреј Бабиш ја именуваше чешкиот претседател Милош Земан, кој е негов политички сојузник, откако неговото штотуку формирано центристичко движење ANO освои 78 од 200 мандатот на парламентарните избори на 20-ти и 21-ви октомври.

Чешкиот премиер, вториот најбогат човек во државата милијардер од словачко потекло, магнат во хемиската и прехранбената индустрија, обвинет е пред судот дека во 2007 гоиа привремено издвоил една компанија од својата групација „Agrofert“ за да може да искористи субвенции од Европската унија наменети за малите и средните претпријатија. Бабиш ги отфрла обвинувањата и бара да му биде симнат имунитетот, што го побараа и чешките органи.

„Сакаме да докажеме дека случајот е монтиран“, изјави Бабиш во вторникот претпладнето. по неговото сослушување пред парламентарната комисија задолжена за мандати и имунитет.

Гласањето за доверба на неговиот министерски кабинет е предвидено за вторникот попладнето. Но уште не е сигурно дали тоа ќе се најде на дневниот ред, бидејќи пратениците истовремено треба да гласаат и за имунитетот на Бабиш.

Другите осум партии во долниот дом на чешкиот парламент, во кој има голем број помали партии, соопштија дека нема да дадат поддршка за владата на Бабиш во која се претставници на ANO и неколку непартиски министри без портфели.

Претседателот Милош Земан изјави дека Бабиш повторно ќе го именува за мандатар за составување влада, но дека пред именувањето ќе побара од него да осигура најмалку 101 пратеник од вкупно 200-те. Составувањето на владата го отежнаа претседателските избори на коишто Земан се кандидираше и во првиот круг кој се одржа на минатата седмица води со 38,56 отсто од гласовите.