Чешкиот претседател повика на завршување на санкциите на ЕУ за Русија

© РИА Новости / Михаил Климентьев

Чешкиот претседател Милош Земан, кој ќе се кандидира и на претседателските избори во јануари, повика во вторникот на симнување на економските санкции коишто Европската унија ги воведе за Русија поради наводната нејзина улога во кризата во Украина, и на завршување на реципрочните санкции со коишто Москва им возврати на земјите членки.

„Не се помирив и не ги прифатив санкциите. Долго им се противам. Станува збор за европските санкции за Русија, но и на руските санкции за Европската унија“, изјави чешкиот претседател Милош Земан по средбата со рускиот колега по должност и домаќин Владимир Путин во црноморското летувалиште Сочи.

Односите на Брисел и Москва се на ниско ниво, откако ЕУ ги следеше САД во воведувањето на санкции за Русија откако црноморскиот полуостров Крим по референдум по соборувањето на дотогашната власт во Киев во март 2014 година со кој тамошното население изгласа присоединување на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија. ЕУ воведе економски санкции за руските банки, за нафтените и одбранбените компании, на што Русија возврати со забрана за увоз на прехранбени продукти од Унијата.

„Господин претседател, тоа треба да се прекина“, му порача Земан на Путин.

„Нормализацијата на односите меѓу Русија и ЕУ е во заеднички интерес на Москва и Прага“, оцени Путин заблагодарувајќи му се на Земан на отворениот и важен разговор и вниманието насочено на развојот на руско-чешките односи.

Седумдесет и тригодишниот Земан, кој е ветрена чешката левица со проруска и прокинеска ориентација, како и мнозинството Чеси не е наклонет на настојувањата на Брисел да ги распредели имигрантите и бегалците од муслиманските земји според принципот на национални квоти во земјите членки на ЕУ. Оттаму Земан се смета за фаворит на претседателските избори чиј прво круг ќе се одржи на 12-ти и 13-ти јануари.

Парламентарните избори во Чешка беа одржани на 20-ти и 21-ви октомври, а на нив победи движењето ANO на милијардерот со словачко Андреј Бабиш, кого противниците го означуваат како „популист“. Бабиш, кој е втор најбогат човек во Чешка е и политички сојузник на Земан.