Чешкиот претседател призна дека во неговата земја го произведувале „новичок“

Чешкиот институт за одбранбени истражувања НИИ произведувал и тестирал отровна супстанција категоризиран како А-230, којашто военото разузнавање на земјата ја класифицирала како „новичок“, изјави во четвртокот вечерта чешкиот претседател Милош Земан повикувајќи се на извештајот на специјалните служби.

„Бидејќи информациите на Службата за безбедност и информации (СБИ) и службата за контраразузнавање не носат ознаки за тајноста, можам да ги раскажам. Во ноември 2017 година во Институтот на Министерството за одбрана во Брно тестирале нервен агенс, кој се класифицира како А-230“, изјави чешкиот претседател Милош Земан, чиј настап беше пренесува на телевизискиот канал Barrandov.

Земан, кој од западните сојузници е остро критикуван дека позитивно се изразува и има добри односи со Русија и Кина, го истакнува проблемот со класификацијата на отровот. Според него, во документите од военото разузнавање се наведувало дека супстанцијата А-230 целосно е аналогно на агенсот „Новичок“, а во исто време во извештајот на СБИ таквото тврдење било негирано.

„Бидејќи военото разузнавање е поблиска до оваа проблематика е отколку граѓанското контраразузнавање, го изведов заклучокот дека ние сме имале мало количество произведен и тестиран ‘Новичок’, а потоа било уништено. Знаеме каде и знаеме кога. И би било лицемерно да се преправаме дека ништо такво не се случило“, заклучува Земан.

Кон крајот на март портпаролот на чешкиот претседател, Јуржи Овчачек изјави дека контраразузнавањето на земјата започнало истрага по повод можниот развој или складирање на територијата на Чешка на отрови од типот на „Новичок“. Кон овој процес биле вклучени и военото разузнавање и лично министерот за одбрана Карл Шлехтов, беше кажано.

Британската премиерка Тереза Меј на 12-ти март рече дека 66-годишниот Сергеј Скрипал и неговата 33-годишна ќерка Јулија биле отруени со воен нервен отров кој го нарече „Новичок“ кој наводно Советскиот сојуз го развил во 1970 и 1980-те години.

Русија, пак, објави дека името „Новичок“ е дадено за да асоцира на „руско“, но дека станува збор за агенс познат како А-230 и подвид А-234, кој го развивале и Велика Британија, Шведска, Чешка и Словачка, како и САД каде што со децении живее еден од руските хемиски научници кои работеле на вакви супстанции.

Тогаш истовремено директорот на Одделот за прашања за неширење и контрола на вооружувањето во руското Министерство за надворешни работи,Владимир Ермаков, изјави дека Москва за „случајот Скрипал“ воопшто нема претензии вината да ја префрла врз Прага.