Честит празник 11 Октомври

Македонските граѓани денеска го празнуваат 11-ти Октомври – Ден на народното востание во Македонија.На денешен ден, бил нападнат бугарскиот полициски участок во Прилеп, при што биле прекинати телефонските линии.

Оваа акција се смета како прва и значеше почеток на востанието против фачистичкиот окупатор.

Еден ден подоцна, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

Македонија со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција застана на страната на прогресивното човештво.

Народноослободителната војска на Македонија на крајот прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

Одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година претставуваа крај на оваа војна, со нив се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.