Честитка од Вељаноски по повод денешниот празник

„Почитувани граѓани на Република Македонија, по повод денешниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, од мое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија ви упатувам најискрени честитки.
Овој датум е длабоко втемелен во нашата колективна свест, како празник на нашата држава и нација и ден кога уште еднаш потврдуваме дека сме цврсто насочени кон создавање на слободна и независна Македонија. Македонските борци се жртвата, но и доказ дека овој народ непоколебливо се бори за надминувањето на сите обиди за изчезнување на македонскиот национален идентитет. Во таа херојска и безрезервна борба загинаа многу херои, но не згасна нивното дело и цел – еден ден нивните поколенија да живеат во слободна и суверена Република Македонија.
Ја користам оваа прилика да истакнам дека, нашата историска и вековна борба ни дава мотив да продлжиме кон градењето на просперитетна и модерна држава, во која сите граѓани без разлика на вера, јазик и култура ќе живеат сплотено и обединето, градејќи ја Република Македонија во држава на која ќе сме горди ние и генерациите што ќе следат.“ се вели во честитката на Вељаноски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.