Честите бури и смртоносни поплави имаат заеднички именител

Честите бури и смртоносни поплави имаат заеднички именител
Честите бури и смртоносни поплави имаат заеднички именител

Се’ почести и посилни бури, се’ посмртоносни поплави и суши имаат заеднички именител- Глобалното климатско затоплување, за кое што еден од главните причинители е човекот.
Глобалното климатско затоплување, е една од главните причини  поради што многу локалитети, како што Венеција би можеле да бидат потопени и засекогаш изгубени.

Во студијата на Унијата на загрижени научници (Union of Concerned Scientists – UCS) се предупредува дека за наколку децении некои од најпознатите светски знаменитости, како Кипот на слободата или Лондонската кула, би можеле да исчезнат од лицето на земјата при порастот на нивото на морето,  ако продолжи трендот на глобалното климатско затоплување.

Според податоците на американската Национална агенција за океанографија и атмосфера, нивото на Атлантскиот океан во 2100 година ќе биде повисоко за 91 сантиметар.

Стручњациет на  Унијата на загрижени научници, предупредуваат на опсноста која  му се заканува на американското и светското културно наследство, како и  на се’ почестите големи пожари. Тие апелираат до жителите на целата планета што поскоро да преземат мерки  за да го успорат овој феномен.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.