Честитка од Вељаноски до ромската етничка заедница во Македонија

Спикерот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски, упати честитка до ромската етничка заедница во земјава во повод Меѓународниот ден на Ромите.

Честитиката од Вељаноски интегрално ви ја пренесуваме подолу.

Македонија посветено работи на подобрувањето на социо-економскиот статус и општествената вклученост на Ромите. Одбележувањето на овој ден е продолжение на афирмацијата за поголема активност за интегрирање на ромската популација во сите сегменти на општествениот живот. Меѓусебното разбирање и почитување на традиционалните вредности и културните особености се дел од нашата држава и ромската заедница придонесува во градењето и унапредувањето на Република Македонија.

Уверен сум дека определбата ни е заедничка, да продолжиме во градењето на европска и демократска Република Македонија во која се промовира недискри­минацијата и еднаквоста за сите граѓани.