Честитка на Вељановски за Денот на наставата на турски јазик

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, им го честита 21 декември- Денот на наставата на турски јазик, на сите припадници од турската заедница кои живеат во Република Македонија.

– Можноста за користиње на мајчиниот јазик е едно од најзначајните права преку кои се овозможува создавање, чување и промоција на идентитетот на народите. Преку негувањето на своите основни обележја, турската заедница и турскиот јазик даваат значаен придонес во раскошниот мозаик на различни култури и традици кои се негуваат во Република Македонија, стои во честитката од Вељаноски.

Тој истакнува дека во Македонија високо се цени придонесот на сите етнички заедници, бидејќи клучот кон успешна иднина е во толеранцијата и соживотот меѓу сите граѓани во државата.

– Нашиот напредок на сите полиња е заснован на почитување, доверба и заедништво, вклучувајќи го и напредокот кон евроатланската интеграција, се вели во честитката од претседателот на Собранието по повод Денот на наставата на турски јазик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.