четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 13

Честитка од Божиновска по повод Успение на Пресвета Богородица

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи Валентина Божиновска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

valentina-bozinovska

Последни вести

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи Валентина Божиновска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

На овој голем православен македонски празник ја славиме големата љубов и добродетел на мајката Божја, присетувајќи се на најголемата љубов, мајчинската, која е светлина и пато­каз во животот на секој верник. Воз­не­сот на мајката Божја, најдостојната меѓу сите жени и заштитничка на народот кон небото е симбол на големата вера и трпение како духовни вредности кон кои треба да се стреми секој еден верник. Затоа, со силата на нејзиниот благороден лик и со нејзиното свето име, Ви по­са­кувам Вам и на сите православни македонски верници, здрав­је, љубов и многу благодет во Вашите домови и семејства, стои во честитката.

Најчитани вести