недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 11

Честитка од Димитриев до христијанските верници кои прославуваат Велигден

Нека Бог ни принесе мудрост, добрина и меѓусебно разбирање! Нека е за многу години големиот празник! Христос воскресна, стои во честитката од Емил Димитриев.

dimitriev

Последни вести

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

– Дозволете ми во свое име и во име на Владата на Република Македонија, Вам лично, на Вашето ценето свештенство и монаштво и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден.

Христовото воскресение е најзначајната појава во историјата на човештвото. Славејќи го овој голем ден ја славиме победата на животот над смртта, вечноста над миговноста, го следиме патот на светлината и добрината. Христос воскресна за спасение на човековиот род и со воскреснувањето ни отвори нови порти, порти низ кои треба да помине секој оној кој живее доблесно, честито и богоугодно, секој оној кој живее според неговите поуки за добар и богоугоден живот.

Да го прославиме заедно овој голем христијански ден, да ги успокоиме душите со верба во Бога кој го осветлува пред нас единствениот благороден пат, патот на верата, традицијата и човековиот соживот.

Нека Бог ни принесе мудрост, добрина и меѓусебно разбирање! Нека е за многу години големиот празник! Христос воскресна, стои во честитката од Емил Димитриев.

Најчитани вести