понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 75

Честитка од Димитриев по повод Националниот ден на Власите

По повод 23-ти Мај, Националниот ден на Власите честитка упати претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев.

dimitriev

Поврзани вести

По повод 23-ти Мај, Националниот ден на Власите честитка упати претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев.

Интегрален текст од честитката:

Почитувани сограѓани и припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија,

Дозволете ми во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам најискрени честитки по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите и да Ви посакам многу здравје, успех и благосостојба во вашите семејства.

Националниот ден на Власите веќе десетта година по ред се прославува како празник на влашката заедница во Република Македонија, што претставува основен симбол за почит кон една од најавтентичните култури кои живееле на овие простори. Влашката култура, срдечност и мирољубивост се составен дел на македонското општество, а влашката заедница дала значаен историски, општествен и културен придонес во современата македонска држава. Токму затоа, Власите се нераскинлив дел од минатото, сегашноста и иднината на Република Македонија.

Честитајќи ви го денешниот празник, дозволете ми да го изразам своето уверување дека со заеднички напори ќе продолжиме да работиме во интерес на Република Македонија, во интерес на подобар живот на нашите граѓани и напредок во секоја област од значење за државата.

Упатувајќи ви најискрени честитки, ви посакувам добро празнично расположение, многу радост и бериќет во вашите семејства.

Нека ви е честит и за многу години 23 Мај – Националниот ден на Власите!

Најчитани вести