Македонија

Честитка од Димитриев по повод Успение на Пресвета Богородица

Честитка од Димитриев по повод Успение на Пресвета Богородица

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица денеска премиерот Емил Димитриев упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски, Господин Господин Стефан, до членовите на Синодот и до сите православни верници, лично и од име на Владата на Република Македонија.

Интегрален текст од честитката:

Дозволете ми Вам лично, на членовите на Синодот и на сите православни верници, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Денес, во духот на нашата вековна традиција и обичаи, нашиот народ го одбележува големиот празник Успение на Пресвета Богородица, посетувајќи ги храмовите посветени на Пресвета Богородица и молејќи се на Мајката Божја за здравје, мир, спокој, љубов и благодет во семејствата и во државата.

Славејќи го денешниот празник, сите ние ја славиме големината и значајноста на Дева Марија и нејзиниот пример за богоугоден живот, за потребната човечка скромност, за љубовта кон Бога и ближните и смирение пред Божјата Волја. Тоа се примерите кон кои треба да се придржуваме и тоа се одликите на православието што секој верник го упатуваат кон милоста Божја.

Чествувајќи го денешниот празник, во овие динамични времиња полни со предизвици и искушенија, да се помолиме на Мајката Божја, за здравје, меѓусебна љубов, толеранција, почитување и разбирање во нашите семејства, во нашата земја и во светот.

Нека Пресвета Богородица го чува нашиот народ и нашата држава и нејзината милост нека го покрие целиот христијански народ!

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица!